Првите количини на кинеската вакцина против коронавирусот на компанијата „Синофарм“ утре ќе пристигнат во Србија, објавија повеќе српски медиуми.

„Новости“ пишува дека Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) сè уште нема издадено дозвола за употреба на кинеската вакцина, но се очекува наскоро да биде дадена.

Најверојатно в недела, со кинеската вакцина ќе почне имунизацијата на здравствените работници кои изјавија дека сакаат да се вакцинираат.

Во Србија во тек е имунизација со вакцината на „Фајзер“/„Бионтек“ и со руската вакцина „Спутник 5“