Во карантин се над 10.000 турски граѓани кои синоќа се вратиле во Турција од верски настан во Медина во Саудиска Арабија и пристигнале на аеродромот во Анкара.

Полицијата презела засилени мерки за да нема контакти на тие лица со оние кои ги чекале на аеродромот. Возачите на автобусите во кои биле пренесени, биле со специјални заштитини облеки.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, изјави дека сите патници кои од синоќа допатувале од Саудиска Арабија, ќе бидат сместени во студентски домови во Анкара и Коња, а таму ќе престојуваат по принципот на карантин, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Патниците ќе престојувааат во одделни соби и дека во случај на појавување на какви било симптоми ќе бидат прегледани и тестирани.

Во Турција засега потврдени се 6 случаи на заболени со коронавирусот.