Раширената одбивност кон вакцинацијата поттикната од дезинформациите и недоволно силната кампања за подигање на свеста среде политичките превирања, се меѓу причините за слабото спроведување на имунизацијата во Бугарија, која ја има најниската стапка на вакцинација од сите 27 земји-членки во Европската Унија, според „Ал џезира“. Досега 21,8 отсто од бугарските граѓани се имунизирани против ковид-19, и покрај тоа што државата има доволно снабдување со вакцини.

Кампањата на министерството за здравство за поттикнување на вакцинацијата во рамките на која имало наградна игра за смарт-часовник, не успеала да придобие многумина откако почна во март, со што дел од Бугарите ја сметаат за шега.

Најголема одбивност кон вакцинацијата е забележана меѓу младите, според тамошните испитувања на јавното мислење, кои укажуваат и дека теориите на заговор имале влијание врз ставот на јавноста кон ковид-19.

– Моментно сме опсипани со вакцини, но или ги фрламе или ги раздаваме на други држави, бидејќи луѓето не сакаат да се вакцинираат – објаснува д-р Мирослав Спасов од Софија, посочувајќи дека вина за ваквата ситуација сносат и власта и здравствената заедница.

Бугарија досега забележа околу 11 илјади смртни случаи поврзани со коронавирус.