Градските власти во Загреб соопштија дека со коронавирус е заразено дете кое одело во градинка.

– Потврдено е дека со вирусот е заразено едно дете од градинка во Загреб. Одлуката е донесена да се затвори објектот 14 дена, 119 деца да одат во самоизолација, како и 16 вработени. Родителите се информирани за мерките коишто треба да ги преземат – се вели во соопштението.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека е јасно дека бројот на новозаразени во Хрватска ќе се зголеми во наредните денови.