Деведесет и тригодишната Србинка Радмила Станковиќ, која е сместена во Геронтолошкиот центар во Крушевац, оздраве од коронавирусот и од болница се вратила во домот.

Таа поминала повеќе од 10 дена во болница.

– За неа, како и за сите нас, тоа беше шок. За среќа сè заврши добро – рекле од домот за телевизија „Прва“.

Во таа установа заразени биле 49 корисници, на возраст од 60 до 93 години и 19 вработени. Сите оздравеле.