Во последните 24 часа во Црна Гора се потврдени уште два смртни случаи и 59 заболени од коронавирус.

Од почетокот на јуни починале 19 лица.

Во последните 24 часа направени се 372 тестови. Најголем дел од новозаболените се од Подгорица.

Бројот на активни случаи е 1.618, а вкупниот број на тестирани е 28.591.