Грција ја продолжи забраната за влез во земјата до 31 јули за граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, објави грчката дирекција за авијација (НОТАМ).

Одлуката е донесена по одлуката на ЕУ да ги отстрани Србија и Црна Гора од списокот на земји безбедни од ковид-19, од кои е дозволено патување, пренесува АНА, додавајќи дека 12 држави биле изземени од забраната за патување, и тоа Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Сите летови од Албанија и Македонија, како резултат на зголемувањето на случаи на коронавирус, ќе можат да летаат само до атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ до 31 јули, додека забраната за летови до и од Турција ќе биде продолжена до 1 август.

Грчката управа за цивилно воздухопловство (ЦАА) ги извести патниците.