Баровите, ноќните клубови и интернет-кафулињата ќе бидат отворени од понеделник во Грција, која рано презеде мерки за изолација, што резултираше со мал број на инфицирани и смртни случаи од ковид-19.

Вкупно 2.997 случаи на заразата се пријавени во Грција. Од нив, 180 лица починале, додека активни се 1.443 случаи. Повеќе од 1.300 луѓе оздравеле.

Речиси сите рестриктивни мерки сега се укинати, но се применуваат прописи за одржување физичко растојание. Повеќето барови, ноќни клубови и ресторани работат на отворено во Грција во текот на летните месеци, што им помогна на властите да им дозволат повторно да се отворат. Сепак, владините и здравствените служби предупредуваат дека мерките би можеле повторно да се воведат доколку кршењето на прописите за физичка дистанца доведат до нов бран на епидемијата.