Германија ги стави хрватските окрузи Истра и Бјеловар-Билогора на списокот на региони со висок ризик од Ковид-19, со што ја става Хрватска во категоријата на ризични земји.

Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ ги прогласи последните два хрватски окрузи кои не беа на списокот поради зголемениот број новозаразени, за ризични области, пренесуваат хрватските агенции.

Одлуката стапува на сила од сабота, 3 април, и ќе значи дека сите лица кои доаѓаат од Хрватска во Германија ќе треба во рок од 48 часа да достават негативен тест за коронавирус и да бидат во карантин 10 дена по пристигнувањето од таа земја.

Како што е наведено, самоизолацијата може да се прекине по пет дена со нов негативен тест.