Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска ја истакна загриженоста од пристигнувањето на делта-сојот на ковид-19 во Србија.

– Се плашам од претстојната есен, апелирам до сите да се вакцинираат. Делта-сојот веќе сигурно е стигнат, утрово разговарав со експертите, загрижен сум за тоа, ќе поминеме уште месец или два во мир, потоа ќе видиме како и што – рече Вучиќ во изјава за медиумите.

Тој исто така посочи дека Велика Британија има голем проблем со новите соеви на вирусот, иако најголем дел од популацијата се вакцинирани.