Од среда-четврток ќе започнеме со понатамошна масовна вакцинација, бидејќи од вторник, среда или четврток ќе имаме уште повеќе вакцини, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека за два дена ќе започне силна ревакцинација на голем број луѓе кои веќе ја примиле првата доза.

– Тоа е најважната работа за луѓето, што ќе се случи со нивното здравје, дали тие се чувствуваат безбедно, кои се нивните планови за во иднина. Тоа ги мотивира и интересира луѓето, а не како ќе се однесуваат газдите на одредени компании не знам со кого.. – рече Вучиќ, одговарајќи на прашања од новинари во Панчево.