На социјалните мрежи се шири постер на кој е српскиот претседател Александар Вучиќ, а со тоа ги поканува Кинезите да дојдат да ја посетат Србија, пренесува „Нова.рс“.

„Тоа е кампања на еден туристички портал со кој претходно соработувавме, не е платен оглас. Процената беше дека кинеските туристи би биле заинтересирани да дојдат во Србија по кризата предизвикана од коронавирусот“, рече Марија Лабовиќ, шеф на Туристичката организација на Србија.

Таа тврди дека фотографијата на Вучиќ се нашла на плакатот по барање на граѓаните на Кина и вели дека е многу популарен таму.

„Тие нè замолија Вучиќ да им се обрати со изјава или вака визуелно затоа што тој е многу популарен во Кина“, вели Лабовиќ.