Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар соопшти дека старица на возраст од 92 години е втора жртва од коронавирусот во Србија.

Според информацијата која ја соопшти министерот, таа била на респиратор.

Првата жртва од коронавирус во Србија, беше пациент на возраст од 59 години од Кикинда.

Вчера на прес-конференцијата српскиот претседател, Александар Вучиќ, предложи владата од денеска полицискиот час да го продолжи на 12 часа, односно од 17 до 5 часот наутро.

– Ако не е доволно, ќе го зголемиме уште повеќе. Ве молам, не излегувајте надвор – рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Во меѓувреме во земјата се регистрирани уште 17 заразени, со што вкупниот број на заболени од коронавирус во Србија се искачи на 188.