Вработените во државната администрација во Словенија ќе треба да се вакцинираат или да достават потврда дека го прележале коронавирусот, бидејќи во спротивно нема да можат да работат со странки, најави министерот за економија и вицепремиер Здравко Пошивалшек.

– Вработените кои се во контакт со луѓе ќе мора да се вакцинираат или да покажат потврда дека прележале ковид-19 – рече тој, додавајќи дека тоа повеќе нема да биде можно со негативен тест за коронавирус како порано.

Тој рече дека ова е еден од следните чекори за да се покаже потврда позиција за потребата од вакцинирање што поголем број од населението.

Според министерот, ваквиот потег е овозможен со закон и прописи во областа на безбедноста при работа.

– Сега кога има доволно вакцини, државата повеќе не може да биде заложник на оние што се противат на вакцинацијата, а владата ќе им даде пример на другите со поттикнување на поголема имунизација во државната администрација – рече Пошивалшек.