Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 237 нови случаи на коронавирус, а во истиот период девет лица починаа како резултат на инфекцијата.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.354, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Вкупниот број на активни случаи е 4.681.

Од почетокот на март 2020 година, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 93.803