Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи на коронавирус, од 664 тестирани примероци, објави денес Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Како што се наведува, најголем број новозаразени има во Погорица (77) и Никшиќ (64).

Потврдени се два смртни случаи, а вкупниот број на починати од коронавирус од почетокот на годината во Црна Гора е 138.

Во последните 24 часа, пријавени се 157 излекувани.

Вкупниот број на активни случаи на коронавирус во Црна Гора е 3.279, а од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 8.842 случаи.