Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 161 случај на коронавирус и два смртни случаи. Тестирани се 757 лица.

Институтот за јавно здравје соопшти дека оздравеле 103 пациенти.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на јуни е 114, а од почетокот на епидемијата 123.