Во последните 24 часа во Црна Гора се потврдени 219 нови инфекции со коронавирус и двајца починати пациенти, објави Институтот за јавно здравје.

Во истиот период биле направени вкупно 822 тестирања.

Вкупниот број смртни случаи поврзани со ковид-19 во земјата од почетокот на јуни е 105, а од почетокот на годината 114.

Пријавено е закрепнување кај 38 пациенти.

Вкупниот број активни случаи во Црна Гора во моментот е 1.630.

Вчера, Црна Гора пријави 216 нови случаи на вирусот, што медиумите го пренесоа како дневен рекорд, кој црногорските епидемиолози го очекувале по политичките митинзи пред и по парламентарните избори на 30 август.

Од почетокот на годината вкупниот број регистрирани случаи на инфекција е 6.094.