Во Црна Гора се регистрирани уште два случаи на коронавирус, при што досега се заразени вкупно 10 лица, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Потврден е коронавирус кај две лица, што значи дека имаме 10 лица заразени со новиот вирус во Црна Гора – објавија од ИЈЗ на Твитер.