Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 24 нови случаи на коронавирус, а починале три лица.

Активни се 807 случаи на коронавирус. На болничко лекување се 138 пациенти, од кои девет на респиратор.

Во Хрватска од почетокот на пандемијата се потврдени 4.881 случај на коронавирус, од кои 139 починале, а 3.936 оздравеле. Во самоизолација се 3.112 лица.

До денеска тестирани се 112.834 лица, од кои 831 во последните 24 часа.