Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани нови 116 случаи со ковид-19, со што вкупниот број заболени изнесува 1.204.

Меѓу нив 139 пациенти се на болничко лекување, од кои осум на респиратори.

Од февруари наваму во Хрватска се регистрирани 4.253 случаи со коронавирус, од кои 120 починаа, а 2.929 оздравеа. Во самоизолација има 4.507 лица, а вкупно се тестирани 102.189, од кои 1.338 во последните 24 часа.