Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.378 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2. Рекорден број на смртни случаи – 23.

Тестирани се вкупно 8.589 лица, пренесува „Индекс“.

Заменик директорката на Институтот за јавно здравје, кој досега објави податоци за Загреб, вели дека градот пријавил над 500 нови случаи.

– Во изминатите 24 часа ќе имаме повеќе од 500 нови случаи на коронавирус. Се опуштивме малку премногу, не се придржувавме кон мерките. Можеби луѓето потценија сè. Експертите предупредуваа на есента – рече Сандра Шикиќ.

– Нашите бројки се толку големи што не можеме да сториме сè за 24 часа. Бараме од граѓаните да придонесат за ситуацијата, додека чекаат на тестирање ги молиме да се однесуваат одговорно, да не се дружат со семејството, да не одат на работа – додаде таа, пренесува Индекс.хр.