Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 199 нови случаи на коронавирус. Активни случаи има 1.371, што е најголем број од почетокот на епидемијата. Меѓу нив, 120 пациенти се во болница, од кои 11 се на респиратори.

Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.824 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 6.855 лица заразени со новиот коронавирус.

Закрепнале 5.318 лица, а досега починале 166 лица.