Според официјалните податоци, во последните 24 часа починале 30 лица како резултат на коронавирусот во Србија, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 4.840, е објавено на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 18.017 лица биле тестирани на коронавирус, а регистрирани се 5.346 случаи на инфекција.

На апарати за дишење се приклучени 222 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 5.099 лица.

Од почетокот на епидемијата во Србија официјално се потврдени 536.904 случаи на инфекција.

Стапката на смртност е 0,90 проценти.

Досега во Србија на коронавирус се тестирани вкупно 3.218.400 лица.