Во последните 24 часа во Србија потврдени се уште 412 случаи на инфекција со коронавирус, а од компликации поврзани со ковид-19 починале девет лица.

Вкупно, од почетокот на епидемијата во земјата се тестирани 591.350 лица, а потврдени се 22.443 случаи на инфекција.

Во последните 24 часа биле тестирани 11.079 лица.

Во Србија, 508 луѓе починаа како резултат на инфекција со коронавирус. Порталот covid19.rs наведува дека процентот на смртност изнесува 2,26 отсто.

Хоспитализирани се 4.649 пациенти, а 185 се на респиратори.