Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.623 нови случаи на коронавирус, а 17 лица починаа.

На респиратор има 87 лица, а вкупниот број хоспитализирани лица е 1.403.

Во последните 24 часа тестирани се 16.190 луѓе, а од почетокот на епидемијата, тој број е 5.074.749.

Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата е 773.426, на починати 7.339, а стапката на смртност 0,95 проценти, објави „Б92“.

По Батајница и Крушевац, и во Нови Сад е отворена нова ковид-болница со повеќе од 600 кревети, кои треба да го ослободат здравствениот систем во Војводина.