Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 2.971 случај на коронавирус, а 35 лица починаа.

Направени се 14.565 тестови.

Досега во Србија се регистрирани 654.870 случаи на коронавирус, а починале 5.881 лице.

Србија надмина три милиони дадени дози на вакцини.

– Наскоро ќе имаме над 1,8 милиони вакцинирани луѓе со две дози – рече денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Кога се во прашање епидемиолошките мерки, новата седница на Кризниот штаб е закажана за утре во 8 часот.

Ќе се разговара за можно ново ублажување на мерките. Исто така, се очекува конечна одлука за враќање на учениците во училиште, по еден месец настава на Интернет.