Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.863 нови случаи на коронавирус, а 14 лица починале.

Според податоците на Министерството за здравство, од последниот пресек се тестирани 12.047 примероци. На апарати за дишење се приклучени 138 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија 400.837 лица се разболеле од Ковид-19, а починале 4.071.

Досега во Србија на коронавирус се тестирани вкупно 2.652.095 лица.