Во последните 24 часа 5.550 лица биле тестирани на коронавирус во Србија, од кои 1.331 бил позитивен, а починале 14 лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на апарати за дишење се приклучени 142 пациенти. Во моментот има 3.891 лице во болниците.

Во Србија со недели има околу 2.000 заразени лица на ден.

Дисциплината е попуштена, граѓаните се опуштија, а медицинскиот дел од кризниот штаб изразува загриженост и вели дека ќе има заострување на мерките доколку бројот на позитивни и хоспитализирани лица продолжи да расте.