Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека од вторник полицискиот час ќе биде пократок, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот и дека пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро.

Тој кажа дека од следната недела сите занаетчиски дуќани ќе бидат отворени, а од 27 април и сите други продавници ќе бидат отворени.

– Фризерските салони, салоните за убавина и спортски теретани ќе почнат со работа по 27 април, но со посебна заштита. Планираме да ги отвориме рестораните и кафулињата помеѓу 3 и 10 мај, но со правење на оддалеченост. Меѓутоа, ако се влоши ситуацијата, ќе ги повлечеме сите мерки за ублажување и ќе се вратиме на постојните – објасни Вучиќ.