Во Србија синоќа пристигнаа 500.000 вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Авионот со вакцини на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
– Согласно протоколите вечерва дојдов сам на аеродромот ‘Никола Тесла’. Нашиот најголем авион А330 достави 500.000 вакцини на ‘Синофарм’. Дојдов уште еднаш да му покажам почит и благодарност на претседателот Шји Ѓинпинг и на кинескиот народ – рече Вучиќ во видео обраќање на социјалните мрежи.

– Благодарен сум на Кина, горд на Србија – напиша претседателот на Србија.
Вучиќ ги повика граѓаните да се вакцинираат и со тоа да спасат животи.

– Вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини и се договоривме за вкупно 13 милиони и 350.000 вакцини – рече претседателот на Србија.