Во последните 24 часа, 6.915 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, а 279 од нив биле позитивни. Починале 12 лица.

На респиратори во моментов има 154 пациенти, што е најголем број од почетокот на епидемијата во земјата.

Во текот на вчерашниот ден, бројот на новозаразени во Србија се намали (вчера имаше 287) во однос на претходниот ден, но една од причините за помалиот број беше намалената бројка на тестови во споредба со претходните недели, па дури и денес, информираат српските медиуми.

Како што пишува „Блиц“, односот на бројот на позитивни со бројот на тестирани, доживеал експлозија, надминувајќи седум проценти.