Во Србија, поточно во институтот „Торлак“, пристигнаа уште 11.700 дози од вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, пренесуваат белградските медиуми.

– Во следните две недели се очекува неделно да пристигнат меѓу 10.000 и 20.000 дози од оваа вакцина – објавија медиумите.

Неофицијално, до 15 февруари во Србија се очекуваат уште 41.000 дози од вакцината на „Фајзер“.