Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин се првите луѓе во Србија кои ја примија руската вакцина „Спутник V“ против ковид-19.

Дачиќ изјави дека тој и министерот Александар Вулин биле вакцинирани само за да им дадат пример на другите граѓани. Нагласи дека против ковид можеме да се бориме со вакцини ако тие се ефикасни и безбедни. Дачиќ верува дека е погрешна појавата на теории на заговор, кои можат да влијаат лошо на јавното здравје.

Првиот контингент од 2.400 дози вакцина „Спутник V“ пристигна во Србија пред седум дена.

Претходно, минатиот месец премиерката Ана Брнабиќ, министерот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон први се вакцинираа против короната и ја примија вакцината на „Фајзер“.