Коронавирусот е потврден кај 1.987 лица во последните 24 часа, а од последиците на оваа болест починале 30 пациенти.

Тестирани се 11.657 лица. На апарати за дишење се приклучени 183 пациенти.

Вчера, 8.956 граѓани биле тестирани на коронавирус во Србија, од кои 1.695 биле новозаразени. 31 пациент починале, а имало 202 пациенти на апарати за дишење во болниците во Србија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека во текот на денот ќе се состане со членовите на медицинскиот дел на кризниот штаб со цел да види дали може да има ново олеснување на мерките затоа што бројките се намалуваат.

Премиерката истакна дека е во секојдневен контакт со медицинскиот дел од штабот, со кој се консултира за епидемиолошката состојба.