Според најновите информации кои ги пренесуваат српските медиуми, во Србија се регистрирани 5.471 новозаразен со Ковид-19, а 39 лица починале поради компликации предизвикани од ова респираторно заболување.

Според последните податоци на српското Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респираори се 276 пациенти од вкупно 7.205 хоспитализирани.

Во последните 24 часа направени се 18.528 тестови, а од почетокот на епидемијата 3.406.642.

Досега во Србија починале 5.270 лица, а стапката на смртност е 0,88 проценти.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 595.489 случаи на инфекција.

Директорот на Клиниката за инфективни болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ денеска предупреди дека во болниците има места за следните 24 часа, можеби малку повеќе, и потоа, како што рече, треба да се отвораат нови капацитети.

Тој додаде и дека голем е бројот на сè помлади кои имаат сериозни клинички слики и кои често пристигнуваат во болниците по седум дена домашно лекување.