Според последните податоци, во Србија починале 32 лица од последиците на Ковид-19. Од 18.288 тестирани, 5.446 лица биле позитивни на коронавирусот. На апарати за дишење се приклучени 209 пациенти.

Вкупно се вакцинирани 2.077.197, а 809.375 лица ја примиле втората доза.

Расте бројот на заболени и хоспитализирани во болниците во Србија. Повеќето нови случаи се регистрирани во Белград, а Ниш со денови е на врвот според бројот на заразени од коронавирусот.

Од денес до понеделник наутро во сила се заострени мерки на владата на Србија против ширење на коронавирусот, исти како оние за претходниот викенд.

Имунологот Срѓа Јанковиќ, кој беше гостин во „Телевизија прва“, рече дека сега е најважно да се спроведат мерките бидејќи ситуацијата е сериозна.

– Мерките се ограничени на пет дена за да можеме да ја следиме состојбата, ќе видиме во кој режим ќе продолжиме со мерките, се разбира, пет дена не се доволни – рече Јанковиќ.