Во Србија во изминатите 24 часа се регистрирани нови 7.664 случаи со Ковид-19, додека 57 луѓе починале како резултат на оваа болест.

На респиратор има 274 пациенти, а хоспитализирани се 6.679 лица.

За време на епидемијата на коронавирус во Србија, 9,214 луѓе починаа како резултат на Ковид-19, а стапката на смртност беше 0,87.

Како што се наведува, направена е анализа на 25.339 примероци.

Поради ситуацијата со коронавирусот, за утре во 11 часот е закажана седница на Кризниот штаб.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, пред два дена објави дека во текот на неделата ќе се одржи седница на тоа тело, на која треба да се разгледа дали треба да се воведат дополнителни мерки.