Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми, ова е најголем број починати за еден ден од вирусот.

Епидемиологот Предраг Кон рече дека го поздравува воведувањето ковид-пасоши, но наведе дека тие требало да се воведат порано и дека е незадоволен и тажен затоа што не мисли дека тоа ќе биде доволно и дека медицинскиот дел од кризниот штаб уште порано предложил построги мерки.

„Епидемиолошката состојба се разви во практично катастрофална бидејќи никаде немаме сигурен кревет за нови пациенти, така што тие мора да се отпуштат порано за да се добие простор. Ситуацијата е многу, многу лоша“, рече Кон.