Во последните 24 часа во Србија се потврдени 6.748 нови случаи на коронавирус, починаа 60 луѓе.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, рече дека лекарите предложиле наставата да се префрли онлајн најмалку десет дена, но бидејќи тој предлог не е усвоен, не очекува епидемиолошката состојба да се стабилизира бидејќи бројот на заразени деца расте.

Властите секојдневно апелираат граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин да се излезе од епидемијата.

Од денеска во Србија почнуваат со употреба ковид – пасошите, што треба да резултира со поголем број вакцинирани лица, а од понеделник, како што е најавено, ќе започне строга контрола на примената на пропишаните мерки.