Во Хрватска и Србија денеска бројката на заразени со Ковид-19 надмина 1.000 лица, односно во Хрватска се регистрирани 1.011 случаи, а во нашиот северен сосед 1.171.

Хрватските здравствени власти информираа за 48 новозаболени, а досега се регистрирани седум смртни случаи.

Во земјата се направени вкупно 8.352 теста, а на респиратор се 35 од заболените. Доесга зазадравени се 88 пациенти.

Во Србија до 15 часот има 1.171 потврден случај на Ковид-19.

Досега во националната лабораторија тестирани се вкупно 5.008 лица кај кои имало симптоми на вирусот или ги исполнувале критериумите.

Според податоците кои вчера ги презентираа претставниците на српскиот кризен штаб, во земјата до тој ден има вкупно 28 жртви од Ковид-19.