Во регионот најмногу заразени со коронавирус, во однос на борјот на население, се регистрирани во Словенија, на второ место е Србија, а на трето Црна Гора.

Во Словенија се регистрирани 582 заразени на еден милион жители, а во Србија 517 инфицирани. На трето место е Црна Гора со 432 заразени на еден милион жители.

На четвртото место е Македонија со 398 заболени на еден милион жители, потоа следи Хрватска со 392 случаи, Босна и Херцеговина со 281 заразен и Албанија со 155 инфицирани на еден милион жители.

Во однос на бројот на заразени, најголема смртност има во Албанија – 5,16 отсто, потоа во Словенија – 4,4 проценти, Македонија – 4,11 отсто, БиХ – 3,92 проценти, Србија 2,2, Хрватска – 1,44 и Црна Гора- 1,2 проценти.

Најмногу тестирани лица, во однос на еден милион жители, има во Словенија – 16.675 на еден милион жители, на второ место е Црна Гора со 5.194, а на трето место Хрватска со 4.022. На четврто место е Македонија со 3.865 тестирани на еден милион жители, БиХ со 3 илјади и Србија со 2.631 тестирани.