Во Словенија и Хрватска продолжува да расте бројот на заразени со коронавирус.

Во изминатите 24 часа во Словенија беа регистрирани 1.024 нови случаи, од 3.432 тестирани лица, што значи дека позитивни се речиси 30 проценти.

Бројот на активни случаи во Словенија повторно надмина 20.000 и изнесува 20.119.

Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 3.308 нови случаи на заразени со коронавирус, а бројот на активни случаи изнесува 19.985.

Од денеска воведени се нови мерки против ширењето на Ковид 19, кои предвидуваат затворање на ноќните клубови, казината, како и ограничување на погребите и церемониите. Новите мерки ќе траат до 15. декември со можност да бидат продолжени. Јавните собири и настани се ограничени на 25 лица, а дозволено е да се прават свадби мво присуство на 15 лица, додека на погреб можат да присуствуваат најмногу 25 лица.

Угостителските објекти можат да работат до 22 часот, со строго утврдени протоколи.