Во последните 24 часа во Словенија беа направени 616 тестови за коронавирус, а веќе втор ден по ред не се откриени нови случаи на болеста, така што во земјата има 1.439 заразени лица, објави словенечката влада.

Првиот случај во Словенија беше потврден на 4 март, а во последните осум дена, заради превентивните мерки и ограничувања, бројот на новозаболени варира помеѓу пет и 11.

Уште еден пациент со Ковид-19 починал во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 97, соопшти владата на својата веб-страница.

Иако епидемиолошката состојба е стабилна и ширењето на вирусот, според официјалните бројки, е под контрола, владини претставници предупредија дека треба да се почитуваат мерките за физичка дистанца и да се одржува хигиена.