Од понеделник, 16 ноември, граѓаните на повеќето земји на ЕУ ќе можат да влегуваат во Словачка само со негативен ПЦР тест за коронавирус.

Тестот не смее да биде постар од 72 часа, соопштија официјалните лица.

Новото правило важи за сите земји на ЕУ, освен Финска и Грција, кои се на списокот на 10 земји со низок ризик, заедно со Кина и Јапонија.

Лицата кои работат и живеат во област до 30 километри од границата, како и студенти и професионални спортисти, не подлежат на задолжително тестирање, наведе ДПА.