Во последните 24 часа се регистрирани 82 нови случаи на коронавирус од 6.877 тестирани во Србија, а две лица починаа, објави Кризниот штаб.

Во болниците има 320 лица, од кои 21 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата, тестирани се вкупно 1.056.256 лица, починале 738 пациенти, а стапката на смртност е 2,26 проценти.

Министерството за труд соопшти дека заклучно со денес, потврдено е присуство на вирус кај 60 корисници и 23 вработени во институциите за социјална заштита и домовите за возрасни и стари лица.