Во Грција, од денеска задолжително е да се носат маски во продавниците за заштита од коронавирусот, јавува новинската агенција „АНА“.

Одлуката за носење заштитни маски во продавниците е донесена вчера, а стапи на сила денеска.

Според најновите податоци, во Грција, од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај нешто помалку од 4.000 лица, додека речиси 200 пациенти починале како резултат на заразата.