Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 620 нови случаи на коронавирус, што е околу осум проценти од извршените 7.804 тестови.

Во истиот период починале 106 лица, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 8.232, пренесува БТА.

Има 63.057 активни случаи, од кои 4.046 се на болничко лекување, а 375 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата, 209.131 лице се заразени со коронавирусот во Бугарија.