Околу 1.400 нови случаи на инфекција со коронавирус се потврдени денеска во Босна и Херцеговина, а дури 69 лица починале во изминатите 24 часа, што е рекорд од почетокот на епидемијата во март.
Од вчера, биле направени тестови на повеќе од 5.400 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 1.004 лица.

Од вечерва се на сила ограничувањата во движењето во Босна и Херцеговина. Во периодот од 23 до 5 часот наутро, само лицата вклучени во работните процеси имаат дозвола да ги напуштаат своите домови, а полицијата ќе проверува дали имаат соодветни потврди од работодавачот.

Собирањето и во затворени простории и на отворено е ограничено на најмногу 30 лица.