Дваесет лекари и 40 медицински сестри од Општата болница во Нови Пазар, Србија биле заразени со коронавирус, изјави директорот Мехо Махмутовиќ за РТВ Нови Пазар.

Тој вели дека вирусот мутирал и дека пациeнтите кои последниве денови побарале помош, имале потешка здравствена слика.

– Имаме многу сериозни пациенти и загрижувачки е што сите што дојдоа во последните петнаесет дена се сериозно исцрпени, со сериозна пневмонија. Најлесни се оние со треска, кашлица и малаксаност – рече Махмутовиќ.